Skip to content

XXI Собрание на Градоначалниците од Брегалничко-Струмичкиот Регион

ДАТУМ

октомври 27, 2014

Категории

На ден 21.10.2014 година (вторник), со почеток во 12:00 часот,во хотел „Романтик“, општина Дојран,  се одржа XXI(дваесет и првото) Регионално Собрание на Градоначалниците од „Брегалничко – Струмичкиот Регион”.

На Собранието беа присутни Градоначалниците од Источниот и Југоисточниот плански регион, Раководителите на Центрите за развој на Источниот и Југоисточниот плански регион, претсавниците од ГИЗ-РЕД Програмата во Република Македонија, претставници од Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и координација на економски ресори,  Државниот  секретар на Министерството за Локална Самоуправа  и претствници од Бирото за Регионален Развој.

Присутните ги поздрави, Претседателот на Советот за развој на Југоисточниот плански регион и домакин на средбата Г-дин Ванчо Стојанов, Градоначалник на општина Василево и Претседателот на  Советот за развој на Источниот плански регион  Г-дин Тони Тоневски, градоначалник на општина Пробиштип. Модератор на настанот беше Г-дин Хари Шутоски, Координатор за регионално управување во ГИЗ РЕД Програмата.

На присутните се обрати и  Г-ѓа Билјана Цветановска Гугоска, Државен секретар при Министерството за локална самоуправа која даде и кратка информација за тековните активности на Министерството од областа на рамномерниот регионален развој. Меѓу присутните свое обраќање имаа и Г-а Весна Гоцева, претставник од Бирото за регионален развој, Г-дин Зоран Крајоски, Раководител на Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и координација на економски ресори, Г-ѓа Марија Караева, Kоординатор за регионално планирање и регионална политика и Г-дин Александар Караев, Kоордионатор за регионален и локален економски развој.

Присутните беа  информирани  за тековните активности од областа на рамномерниот регионален развој,  спроведени преку Бирото за регионален развој и ГИЗ РЕД  Програмата како и информации за Системот за координација на политиката за регионален развој.

Беше договорено следното 22-ро Собрание на Брегалничко-Струмичкиот регион да се одржи  Источниот плански регион,  наПониква, општина Кочани.

{module [373]}{loadmodule related}

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy