Skip to content

ДАТУМ

ноември 5, 2014

Категории

Формиран Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источниот плански регион

Центарот за развој на Источен планскиот регион, го реализира промотивниот настан за формирање  на Бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион, на 28-Октомври-2014 година во Универзитетот”Гоце Делчев”во  Штип. Значењето од формирањето на Бизнис центарот го потврди и присуството на Заменик Министерот за Локална самоуправа г-дин Љупчо Пренџов, Постојниот претставник на Програмата за развој на ОН (УНДП) г-ѓа Луиса Винтон, презентацијата на Прим. м-р Илчо Захариев, Градоначалник на општина Штип, г-дин Тони Тоневски, Претседател на Советот за разво на Источен плански регион, и г-ѓа Драгица Здравева Директор на Центарот за развој на Источен плански регион.

 

Договорот за формирање на Бизнис центарот  го потпишаа г-ѓа Луиса Винтон од Програмата за развој на ОН(УНДП), Министерството за Локална самоуправа претставувано од Заменик на министерот г-дин Љупчо Пренџов, и г-ѓа Драгица Здравева Директор на Центарот за развој на Источен плански регион.

Се очекува Бизнис центарот да покаже голема функционалност и да биде од помош на бизнис заедницата, а јавниот сектор широко да ја отворат вратата за потенцијалните инвеститори кои ќе ги лоцираат своите бизниси во регионот за да ги искористат човечките и природните потенцијали.

Постоечката развиена бизнис заедница, преку бројката од 72 присутни, од вкупно 98 учесници на настанот ја потврди потребата за функционирањето на еден ваков Бизнис центар во овој регион на Македонија , за развој и помош во отворањето на  нови бизниси.

Електронскиот водич за инвеститори, што ќе го формира Бизнис  центарот ќе нуди релевантни информации за економските и географските карактеристики на регионот, актуелните закони и други прописи, можностите за финансирање, пристап до дополнителните извори за финансиски,  буџетски средства, Европските и други фондови, едуцирање и информирање на идните инвеститори и сопственици на малите и средни претпријатија за промените и можностите кои постојат на регионално, национално и глобално ниво.

Збирката на индустриски зони во планскиот регион, што ќе ја подготви Бизнис центарот ќе ги има мапирано сите зони со нивната големина, карактеристики и специфичности од значење за секој потенцијален инвеститор.

Бизнис Центарот ке организира и  настани и информативни средби со претставниците од бизнис секторот за презентација на приоритетите и целите од Сратегијата за регионален развој со цел добивање на сугестии и предлози за економски развој кои би земале простор во идната петтогодишна програма за развој на планскиот регион.

{module [373]}{loadmodule related}

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy