Skip to content

Формирање на кластер за креативна индустрија во Источниот плански регион

ДАТУМ

ноември 13, 2014

Категории

Една од активностите во рамките на проектот „Вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничниот регион – Креатива“, е создавање на кластер за креативни индустрии во Источниот плански регион. За таа цел на 7.11.2014 година, во хотел Изгрев во Штип, се одржа втора работилница за формирање на кластерот. На работилниците активно учество зедоа претставници од бизнис секторот, НВО, уметници, писатели, пејачи, дизајнери, архитекти итн.

Целта на работилницата беше:

  • Да се подигне свесноста за кластерите како инструмент за зголемување на конкурентноста на креативните индустрии и да се зголеми нивото на разбирање за начините на создавање на успешни кластери
  • Да се идентификуваат потенцијални области на заедничко делување
  • Да се изработи план на активности за формирање на Кластер за креативни индустрии
  • Да се идентификувани одговорни лица за организирање и спроведување на активности во иницијалната фаза

Работилницата ја водеше г-дин Александар Караев од консултантската куќа УМФ – Штип,  кој имаше интерактивен пристап со присутните заинтересирани страни и притоа даде Вовед во кластери на МСП и кои се:

  • Придобивките од создавањето на кластер за Креативни индустрии во Источниот регион
  • Критични предуслови за создавање на успешен кластер

Потоа се премина кон Идентификување на потенцијални области на заедничко делување, Планирање на конкретни активности за формирање на кластер на Креативни индустрии.

На крајот на работилницата беа определени одговорни лица кои ќе учествуваат во процесот на формирањето на кластерот.

 

 
{module [373]}{loadmodule related}
 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy