Skip to content

Вториот Национален Тренинг ден на PPP4Broadbаnd

ДАТУМ

ноември 24, 2014

Категории

На ден 24.11.2014, во просториите на ЕУ инфо центарот, во организација на Центарот за Управување со Знаење, се одржа Вториот Национален Тренинг ден на PPP4Broadbаnd проектот. 

PPP4Broadband, е проект од четвртиот повик на Транснационалната програма за ЈЕЕ на ЕУ, чија цел е развој на модели за јавно-приватно партнерство за широкопојасен интернет.  Проектот се спроведува од 12 партнери од 9 земји на ЈЕЕ.  Во Македонија, проектот го спроведува Центарот за Управување со знаење и Центарот за развој на Источен плански регион. Повеќе информации може да најдете на http://www.ppp4broadband.eu

Целта на обуката беше да се:

  • создаде свест помеѓу регионалните и локалните јавни актери за нивната улога во развојот на широкопојасниот интернет.
  • презентира моменталната ситуација и потреба од квалитетен широкопојасен интернет во регионите.
  • укаже на јавната администрација т.е. јавните институции дека е потребно да учествуваат во инвестиции во ситуации кога постои неуспех на пазарот.
  • презентираат креираните алатките, односно 9-те модели, порталот, Центарот за Извонредност, како и “Упатството како да се користат моделите на ЈПП во пракса”.    
  • презентираат добри практики во развојот на широкопојасен интернет преку моделите на ЈПП на национално и интернационално ниво.
 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy