Month: декември 2014
Одржан работен експертски состанок
Програмата за зачувување на природата во Македонија е проект со кој ќе се изработат голем број на стратешки докумети како што се: Студии, стратегии анали и друго од сите области значајни за развојот на Источниот плански регион. Вакви стратешки документи на ниво на Плански регион речиси и да не постојат или ги има но не го опфакаат целиот регион или се изработени поодамна. Една од нив која ќе даде голем придонес во проучувањето на биолочката разновидност е „Анализа на недостатоци во еколошките податоци и изработка на карта на еколошка сензитивност за подрачјето на сливот на река Брегалница“.
Финасирање на опиштински инфраструктурни проекти и Словенечкото искуство
Како дел од развојната соработка помеѓу Република Македонија и Република Словенија, Амбасадата на Република Словенија организираше работилница за поддршка и зајакнување на Македонските капацитети на централно и регионално ниво за управување со инфраструктуни проекти финансирани од Европската унија. Работилницата се одржа во ресторанот „Три Бирери“ во Скопје на 16 и 17 декември 2014 година.
Внатрешна и надворешна ревизија на ЕУ финансирани Програми и проекти
Една од активностите во Проектот „Програма за зачувување на природата во Македонија“ е зајакнување на капацитетите во Центарот за развој на Иточен плански регон. За таа цел претставници од Центарот за развој на Иточен плански регон учествуваа на Семинар на тема „Внатрешна и надворешна ревизија на ЕУ финансирани Програми и проекти“. Семинарот се одржа од 24-26 nоември 2014 година во Барцелона, Шпанија.
Одржана XII (дванаесеттата) седница на Советот за развој на Источен плански регион
Советот за развој на Источен плански регион на ден 01.12.2014година, во општина Штип, ја одржа својата XII(дванаесетта) седница. На седницата како позначајни точки по кои се расправаше беа:
Поддршка на регионалниот економски развој, Достигнувања и визија за иднината” на Програмата за Регионален Економски Развој во Македонија (ГИЗ РЕД)
Програмата за Регионален Економски Развој во Македонија (ГИЗ РЕД), која се спроведува од страна на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) го поддржува рамномерниот регионален развој во Република Македонија од 2008 година.
PPP4Broadbend денови
Во рамките на Програмата за транснационална соработка на Југоисточна Европа, партнерство од проектот PPP4Broadbendдве години работеше да развие алатки за територијата на Југоисточна Европа каде нема или има многу слаба покриеност со интернет. Докажано е дека недостатокот од интернет има негативен ефектврз економијата и социјалната кохезија.
Активностите од проектот се во завршна фаза и резултатите беа презентирани за време на PPP4Broadband Dayна 9ти Декември 2014 година во срцето на Европа Брисел.
Последен работен состанок од проектот PPP4Broadbend
На 8тm Декември во Словачката канцеларија за истражување и развој во Брисел, се оддржа последниот работен состанок со проектните партнери од проектот PPP4Broadbend. Покрај партнерските институции/организации, на работната средба присувствуваше и Роберта Калцина, Проектен менаџер во Заедничкиот технички секретаријат од Програмата за Југоисточна Европа, која го презентираше раководењето на проектот.
Одржана финална конференција за подготовка на Програмата за развој на Источниот плански регион 2015-2019
Центарот за развој на Источниот плански регион спроведува партиципативен процес за подготовка на Програмата за развој на Источниот плански регион 2015-2019 година со поддршка на ГИЗ РЕД Програмата за регионален економски развој во Македонија. Програмата е изготвена во согласност со Методологијата на Министерството за локална самоуправа (Правилник за методологијата за изработка на планските документи за регионален развој, Службен весник на РМ, бр. 102/2009).
