Skip to content

Одржана финална конференција за подготовка на Програмата за развој на Источниот плански регион 2015-2019

ДАТУМ

декември 5, 2014

Категории

Центарот за развој на Источниот плански регион спроведува партиципативен процес за подготовка на Програмата за развој на Источниот плански регион 2015-2019 година со поддршка на ГИЗ РЕД Програмата за регионален економски развој во Македонија. Програмата е изготвена во согласност со Методологијата на Министерството за локална самоуправа (Правилник за методологијата за изработка на планските документи за регионален развој, Службен весник на РМ, бр. 102/2009).

На Финалната конференција одржана на 20.11.2014во Хотел Изгрев, Штип, поздравно обраќањеи обраќање за важноста и значењето на Програмата за развој на Источниот плански регион дадоа:

  • Г-ѓа Билјана Цветановска Гугоска – Државен секретар, Министерство за локална самоуправа
  • Г-дин Геролд Шварц- ГИЗ РЕД Програм менаџер
  • Г-ѓа Мојца Криспер Фигуероа- ЕУ Делегација Програм менаџер
  • Г-ѓа Анета Дамјановска- Раководител на Националната Програма за Швајцарска Соработка за Развој
  • Г-дин Илчо Захариев- Градоначалник на општина Штип
  • Г-дин Тони Тоневски- Градоначалник на општина Пробиштип и Претседател на Источен плански регион
  • Г-ѓа Драгица Здравева- Раководител на Центар за развој на Источен плански регион

Д-р Денис Жерновски тим лидер на изработувачот на Програмата го презентираше процесот на подготовка на Програма за развој на Источен плански регион  (2015 – 2019)за која беа одржани низа од работилници, како и содржината на Предлог-Програма пред градоначалниците од регионот, претставници од општините, граѓанското општество и приватниот сектор, претставници од ресорните министерства вклучени во областа на рамномерниот регионален развој, експерти, претставници од СДЦ, ГИЗ РЕД и вработените во Центарот за развој на Источниот плански регион.

По завршувањето на презентацијата се отвори расправа по истата при што учесниците на финалната конференција изнесоа одредени коментари и забелешки со барање истите да бидат вметнати во програмата.

 

 
 

{module [373]}{loadmodule related}

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy