Skip to content

ДАТУМ

декември 21, 2014

Категории

Внатрешна и надворешна ревизија на ЕУ финансирани Програми и проекти

Една од активностите во Проектот „Програма за зачувување на природата во Македонија“ е зајакнување на капацитетите во Центарот за развој на Иточен плански регон. За таа цел претставници од Центарот за развој на Иточен плански регон учествуваа на Семинар на  тема  „Внатрешна и надворешна ревизија на ЕУ финансирани Програми и проекти“. Семинарот се одржа од 24-26 nоември 2014 година во Барцелона, Шпанија.

Целта на семинарот беше учесниците да стекнат целосен преглед и детално разбирање на практичните аспекти на контрола и ревизија на ЕУ фондовите во програмскиот период 2007-2013 како и за претстојниот 2014-2020.

На семинарот од претставници на Европскиот суд на ревизори кои се задолжени за ревизија и контрола на ЕУ програми и проекти,  беа претставени следните теми, искуства и видувања:

  • Ревизија и контрола во програмскиот период 2014-2020, резултати, механизми, предизвици и воведени промени во релација со програмскиот период 2007-2013,
  • Заштита од измама и нејзината улога во управувањето и процесот на спроведување на фондовите на ЕУ,
  • Организација на внатрешна контрола во различни модели се применуваат од страна на корисниците на структурните фондови на ЕУ. Фактори за успех на ефикасни систем на внатрешна контрола за поголема апсорпција на ЕУ фондовите,
  • Надворешна ревизија – Европскиот суд на ревизори,
  • Ефикасност на ревизијата,
  • Ревизија на државната помош,
  • Ревизија на јавни набавки.

Сите овие теми беа презентирани преку примери како се откриени оддредени измами, како е постапено и како се решени случаите. Од страна на учесниците пак беа претставени нивните искуства со  Европскиот суд на ревизори. 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy