Skip to content

ДАТУМ

декември 22, 2014

Категории

Финасирање на опиштински инфраструктурни проекти и Словенечкото искуство

Како дел од развојната соработка помеѓу Република Македонија и Република Словенија, Амбасадата на Република Словенија организираше работилница за поддршка и зајакнување на Македонските капацитети на  централно и регионално ниво за управување со инфраструктуни проекти финансирани од Европската унија. Работилницата се одржа во ресторанот „Три Бирери“ во Скопје на 16 и 17 декември 2014 година.

Целта на работилницата беше низ практични примери, како да се финансираат општински инфраструктурни проекти и Словенечкото искуство во затворање на финансиските конструкции на инфраструктурните проекти особено по пат на јавно приватно партнерство.

Преку интерактивно учество на сите учесници во работилницата беа презентирани:

  • ЕУ фондовите за Македонските општински инфраструктурни проекти, програми и ЕУ тендери, со анализа на IPA, IPARD, CBC …
  • Научени лекции и идентификација на пречки во општинските инфраструктурни проекти,
  • Словенечки искуставaи наоѓање на решенија,
  • Подготовка на проекти согласно правилата на ЕУ,
  • Алокација на ЕУ буџети на проекти и улогата на општините,
  • Анализа на механизмите за координација и искуства во развојот на националните програми,
  • Зголемување на финансиските ресурси за инвестирање во комбинација со јавното приватно партнерство,

Работилницата заврши со изработка на Акционен план за понатамошен прогрес.

 

 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy