Skip to content

Month: февруари 2015

Потпишан Договорот за изградба на Мултимедијален центар во Штип

Во кабинетот на Градоначалникот на општина Штип прим. Мр. Илчо Захариев на 23 февруари 2014 година, Центарот за развој на Источен плански регион го потпиша договорот за градежни работи, односно изградба на Мултимедијален центар со градежната компанија Актива – Штип.  Оваа активност е дел од проектот „Вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничниот регион-CREATIVA“ финансиран од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија за периодот 2007-2013. Партнер во проектот е општина Гоце Делчев од Р.Бугарија. Вкупната вредност на проектот изнесува 484.302,14евра, од кои 186.761,00евра се средства со кои општина Штип учествува во кофинансирање на проектот, т.е изградбата на мултимедијалниот центар.

Прочитајте повеќе

Потпишан Договор за изработка на „Водич за инвестиции во Источен плански регион”

На 11 февруари 2015 година, Центарот за развој на Источен плански регион го потпиша Договорот за изработка на „Водич за инвестиции во Источен плански регион во рамките на проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“.

Проектот е финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и УНДП.

Прочитајте повеќе

Прва средба за LEADER

На 11.02.2015 година во просториите на Центарот за развој се потпиша Меморандум за соработка помеѓу Центарот за развој на Источен плански регион и Мрежата за рурален развој, за проект кој се спроведува во рамките на УСАИД проектот „Адаптација на земјоделството кон климатските промени“ во Источниот плански регион.

Прочитајте повеќе

Одржана 13-тата Седница на Советот за развој на Источен пласнки регион

На 30.01.2015 година (петок), на Пониква, Осогово се одржа Тринаесетата Седница на Советот за развој на Источен тплански регион. Со Седницата претседаваше Претседателот на Советот за развој на Источниот плански регион Г-дин Тони Тоневски. На Седницата се дискутираше по следниве позначајни точки на дневен ред:

Прочитајте повеќе