Skip to content

ДАТУМ

февруари 11, 2015

Категории

Прва средба за LEADER

На 11.02.2015 година во просториите на Центарот за развој се потпиша Меморандум за соработка помеѓу Центарот за развој на Источен плански регион и Мрежата за рурален развој, за проект кој се спроведува во рамките на УСАИД проектот „Адаптација на земјоделството кон климатските промени“ во Источниот плански регион.

Во општина Берово се одржа прва средба за LEADER кој ќе биде идна ИПАРД мерка во Република Македонија. На средбата присуствуваа пртетставници на општините, локалните бизниси, невладините организации и други чинители кои можат и влијаат на вкупниот развој во микро регионот Малеш-Пијанец односно општините Берово, Делчево, Пехчево и Македонска Каменица.

Оваа соработка се одвива преку Мрежата за рурален развој на Република Македонија,  и Центарот за развој на Источен плански регион со поддршка на УСАИД. На денешната прва од седум средби присутните имаа можност да се запознаат со оската во Програмата за рурален развој (2007 – 2013) за што добија и информации за историјата на LEADER, а се зборуваше и за следните чекори кои треба да бидат основа за воспоставување на Локални акциони групи во микрорегионот.

Следни чекори кои се планирани во рамки на пристапот се изработка на локални развојни стратегии засновани на област согласно пристапот од долу нагоре, формирање на јавни – приватни партнерства преку интегрирани и мултисекторски акции со воведување на иновација, меѓусебна  соработка и вмрежување помеѓу партнерите. Проектот ќе се реализира во текот на следните неколку месеци, а како краен резултат ќе биде формирање на правен субјект „Локална акциона група-ЛАГ“.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy