Skip to content

Потпишан Договор за Организација на настани и советодавни информативни средби во рамките на проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“

ДАТУМ

март 2, 2015

Категории

На 27 февруари 2015 година, Центарот за развој на Источен плански регион го потпиша Договорот за Организација на настани и советодавни информативни средби во рамките на проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“.

Проектот е финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и УНДП.

Врз основа на Законот за рамномерен регионален развој, како и врз основа на Програмата на Владата на Р. Македонија за рамномерен регионален развој во 2014 година, со цел зголемување на конкурентноста на планските региони преку поддршка на малите и средни претпријатија и на претприемништвото, формирани се Бизнис Центри за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во рамките на постојните центри за развој на планските региони. Ваков Центар е формиран и во Источниот плански регион кој треба да ги надополни постојните услуги насочени кон Бизнис секторот во квалитет–целисходност, – применливост– зголемено мени на услуги и опфат на корисници.

Фирмата која ќе работи Организација на настани и советодавни информативни средби во рамките на проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“ е Друштвото за консалтинг и услуги Knowledge Center DOOEL- Скопје. 

Во насока на реализирање на оваа цел, значајна активност во рамките на  проектот е: „Организирање на настани и одржување на советодавни информативни средби со засегнатите страни / бизнис секторот во Источен плански регион”.

Еден од начините за остварување на оваа цел е организирање  на  настани и  советодавни информативни средби со засегнатите страни / бизнис секторот за презентација на приоритетите и целите од Стратегијата за регионален развој на Република Македонија, Програмата за развој на  Планскиот регион,  можните области за инвестициони вложувања, националните и ЕУ програмите за поддршка на приватниот сектор и економскиот развој, програмите за соработка со странски партнери, програмите за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средни претпријатија, расположливи оперативни програми, потоа домашни и странски извори за финансирање, информации за грантови, кредитни линии, фондови и друга финансиска поддршка, субвенции и сл.  како и за совладување на чекорите како на најбрз и успешен начин да се дојде до потребните финансии од различни извори, како и други значајни информации  за поддршка на бизнис заедницата.

Организирањето на ваков тип на настани и советодавни – информативни средби е значаен чекор во поддршка на приватниот сектор т.е. малите и средни претпријатија трговци / економски оператори во регионот, занаетчии, потенцијални заинтересирани странски и домашни инвеститори и др.

Во рамките на Договорот треба да реализираат 4 (четири) информативни средби, 2 (два) промотивни настани и 1 (еден) завршен настан за промоција на проектните резултати. 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy