Skip to content

ДАТУМ

март 4, 2015

Категории

Потпишан Договор за изработка на Регионална програма со предлог – акционен план и Комуникациска стратегија за развој и поддршка на приватен сектор во координација со другите ентитети во Источен плански регион

Центарот за развој на Источен плански регион на 03 март 2015 година го потпиша Договорот за изработка на Регионална програма со предлог – акционен план и Комуникациска стратегија за развој и поддршка на приватен сектор во координација со другите ентитети  во Источен плански регион.

Ова е една од активностите во рамките на проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“ кој е финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Економскиот оператор кој во координација со Бизнис Центарот при Центарот за развој на Источен Плански регион ќе работи на Регионалната програма со предлог – акционен план и Комуникациска стратегија за развој и поддршка на приватен сектор во координација со другите ентитети  во Источен плански регион е Друштво за консалтинг и услуги Gestalt Solutions DOO Штип.

На Источниот плански регион му недостига детална и унифицирана Програма за развој и поддршка на приватниот сектор, па оттаму главна причина за реализација на оваа активност е изработка на „Регионална програма (вклучително предлог-акционен план и комуникациска стратегија) за развој и поддршка на приватен сектор во координација со другите ентитети во Источен плански регион (ИПР)“која ќе содржи два составни делови во себе (1) детален предлог- акционен план  за поддршка, обуки, тренинг и вмрежување на правните субјекти од Источниот плански регион,  поттикнување на претприемништвото помеѓу младите и жените во регионот, иновативноста и сл.; (2) Комуникациска стратегијата (составен дел на регионалната програма) со главната цел обезбедување на транспарентност на имплементација и мерење на ефектите од имплементација на целите на мерките споменати во Регионалната програма. Истовремено, Комуникациска стратегијата ќе им помогне на сите учесници и носители на оваа Регионална програма  да станат свесни за нивната улога во реализацијата на истата.

Главна цел на оваа активност е подобрување на економската положба на приватниот сектор во Источниот плански регион преку развивање на план за поддршка на приватниот сектор од страна на Бизнис Центарот на Источниот плански регион. Програма за работа со Предлог – акционен план која ќе биде резултат на разбирањето на потребите на засегнатите страни и клучните чинители во конкретниот регион.

Специфични цели на проектната активност се:

  1. Изработка на Регионална програма (пет годишна) за развој и поддршка на приватен сектор на Источен плански регион која во својот состав ќе содржи:
    • Акционен (предлог) план со нотирани активности, временска рамка, чинители и финансирање за една година;
    • Комуникациска стратегија со сите чинители и промоција на Бизнис центарот на Источен плански регион;
  2. Презентација на Регионална програма со предлог-акционен план и Kомуникациска статегија за развој и поддршка на приватен сектор во координација со другите чинители во регионот при Источен Плански Регион (ИПР).

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy