Skip to content

ДАТУМ

март 18, 2015

Категории

Отворен првиот информативен настан со приватниот сектор од Источен плански регион во рамките на проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“

На 18-ти март, 2015 година, во Хотел „Изгрев”- Штип, се оддржа првиот информативен настан со приватниот сектор од Источен плански регион во рамките на проектот „Формирање на бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион”.

Организирањето на ваков тип на настани е значаен чекор во поддршка на приватниот сектор т.е малите и средни претпријатија, трговци / економски оператори во регионот, занаетчии, потенцијални заинтересирани странски и домашни инвеститори и др.

Главна цел на настанот во рамките на проектот, е зголемување на конкурентноста на планските региони преку поддршка на малите и средните претпријатија и на претприемништвото, што воедно е нотирано како стратешки приоритет во Програмата за развој на Источен плански регион.

На настанот присуствуваа претставници од: МСП, претприемачи, здруженија на граѓани и фондации, невработени лица, занаетчии, трговци, членови на кластери и мрежи и потенцијални странски и домашни инвеститори.

Проектот се спроведува со техничка и финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).

Настанот со поздравна порака го отвори Г-ѓа Драгица Здравева, Директор на Центарот за Развој на Источен плански регион.

Модератор на настанот беше Г-ѓа Милена Ристова-Михајловска, од општина Штип.

Прв говорник на настанот беше Г-ѓа Андријана Богдановска, Директор на компанијата Knowledge Center. Г-ѓа Богдановска збореше за претприемништвото и рамката за поддршка на претприемништвото во Република Македонија. Во своето излагање ги опфати придобивките и   важноста на  претприемништвото, типовите на претприемачи и детално ја презентираше рамката за поддршка на претприемништвото во Република Македонија.

Гости говорници на првиот информативен настан беа Г-ѓа Менка Гугулевска, Раководител на Секторот за Активни Политики и Мерки за поддршка на самовработување и вработување во Агенцијата за вработување на Република Македонија, и Г-дин Маријан Стојчев, Раководител на Сектор во Агенцијата за поддршка на претприемништвото во Република Македонија.

Г-дин Маријан Стојев од АППРМ, во своето излагање ги запозна присутните за Активните мерки и програми за поддршка на претприемништвото во Република Македонија.

Г-дин Стојев накратко ги презентираше сите програмски активности на АППРМ за 2015 година, вклучувајќи го ваучерскиот систем на советување, инфо пулт-проект во соработка со регионалните центри, претприемачкото образование, организирањето на натрпревари за бизнис план, кофинансирање на Европска недела на МСП, организирање на менторство помеѓу искусни претприемачи и старт-ап фирми, организирање на обуки за локални консултанти, итн.

Тој ги презентираше и резултатите од Програмите за самовработување кај МСП во периодот од 2005 до 2014 година. Г-дин Стојев ја презентираше улогата што ја има АППРМ во овие програми, посебно изразена во делот на советувањето, односно изработката на оддржливи бизнис планови.    

Г-ѓа Менка Гугулевска, Раководител на Секторот за активни политики и мерки за поддршка на самовработување и вработување во АВРМ ги презентираше услугите за вработување кои ги нуди АВРМ, Програмата за самовработување, Програмата за самовработување за млади до 29 години, Програмата за субвенционирање на работни места, обуки, практиканство, и сите поволности кои што ги нуди АВРМ на работодавачите.

На првиот информативен настан беше презентирана и „Програмата за развој на Источен плански регион 2015-2019 година”, од страна на Г-ѓа Зујица Ангелова, претставник од Центарот за развој на Источен плански регион. Таа ги презентираше фазите на подготовка на Програмата, Програмата за развој преку презентирање на  приоритетите, целите и индикаторите на истата.

По завршувањето на сите излагања, после паузата за коктел-ручек, беа оддржани средби помеѓу сите заинтересирани од приватниот сектор и претставниците од владините институции (B2G средби), односно АВРМ и АППРМ. 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy