Skip to content

ДАТУМ

март 23, 2015

Категории

Основан кластер за креативни индустрии во Источен плански регион

Центарот за развој на Источен плански регион во рамките на проектот „ВМРЕЖУВАЊЕ НА МУЛТИМЕДИЈАЛНИ ЦЕНТРИ ВО ПРЕКУГРАНИЧНИОТ РЕГИОН – КРЕАТИВА, одржа ОСНОВАЧКО СОБРАНИЕ на кое беше формиран Кластерот за креативни индустрии „КРЕАТИВА“. Основачкото собрание се одржа на 12 март 2015 (четврток),во хотел „Изгрев“ во Штип.

На Основачкото Собрание од редот на основачите се избра раководство на Кластерот:претседател, потпреседател и секретар. Покрај раководството  се формира  Управен и Надзорен одбор на кластерот.

Во моментот кластерот брои 21 (дваесетиеден) член од различни гранки на креативната индустрија од Источниот плански регион.

Поради лошите временски услови претставниците (партнери во проектот) од Република Бугарија кои што требаше да бидат дел од кластерот не успеаја да пристигнат на Основачкото собрание.

Зачленувањето на претставниците од Република Бугарија ќе се случи на заедничката работилница која е предвидено да се одржи  на крајот од месец март или почетокот на април оваа година во општина Гоце Делчев, Република Бугарија.

Кластерот е регистреиран на 16март 2015 година со Решение од Централен регистар на Р.Македонија број 30720150000543.

 

 

Прилог – Решение

 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy