Skip to content

Втор информативен настан со приватниот сектор од Источен плански регион во рамките на проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“

ДАТУМ

април 16, 2015

Категории

На 8-ми април, 2015 година, во голема сала на Општина Штип, се оддржа вториот информативен настан со приватниот сектор од Источен плански регион како дел од активностите во рамките на проектот „Формирање на бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион”.

Настанот го отвори Г-ѓа Драгица Здравева, Директор на Центарот за Развој на Источен плански регион.

Теми на настанот беа:

  • Презентација на наодите од Истражувањето за Управување со Иновации во Република МакедонијаДиректор на компанијата Knowledge CenterГ-ѓа Андријана Богдановска – Knowledge Center;
  • Презентирање на инструментите и активните повици и програмиПретставник од Фонд за Иновации и Технолошки Развој– Г-ѓа Катарина Кречева;
  • Презентирање на Програмата за Конкурентност, иновации и претприемништво за 2015 година – Претставник од Министерство за економија – Г-ѓа Јасмина Мајстороска.

По завршувањето на сите излагања, после паузата за коктел-ручек, беа оддржани средби помеѓу сите заинтересирани од приватниот сектор и претставниците од владините институции (B2G средби), односно Фондот за Иновации и Технолошки Развој  и Министерство за Економија.

Проектот се спроведува со техничка и финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP). 

 

  

 

 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy