Skip to content

ДАТУМ

мај 4, 2015

Категории

Членовите на кластерот за Креативни индустрии во посета на партнерите од Р.Бугарија

Членовите на кластерот за Креативни индустрии “КРЕАТИВА”од Штип, во рамките на активностите од проектот “Вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничниот регион”, на 27-28 Април 2015 година реализираа посета  на потенцијални членки на кластерот во Р. Бугарија.

Кластерот за креативнии индустрии покрај во Штип ќе има своја канцеларија и во Брезница, општина Гоце Делчев во р.Бугарија.

Покрај работилницата организирана од страна на партнерот во општина Гоце Делчев, Р. Бугарија, членовите на кластерот беа во посета на Општина Брезница каде се веке завршуваат инфраструктурните активности за реконструкција и адаптација на 

Народната библиотека, како една од најзначајните активности во рамките на проектот, аналогна на изградбата на мултимедијалниот центар во Штип.

Во рамките на овој настан беше реализирана и посета во фирмите на потенцијалните членови на кластерот од Р. Бугарија-текстилна фабрика и фабрика за чевли. 

 

 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy