Skip to content

Прв Советодавен настан со приватниот сектор од Источен плански регион во рамките на проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“

ДАТУМ

мај 6, 2015

Категории

На 30-ти април, 2015 година, во голема сала на Општина Штип, се оддржа првиот советодавен настан со приватниот сектор од Источен плански регион како дел од активностите во рамките на проектот „Формирање на бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион”.

Настанот го отвори Г-ѓа Драгица Здравева, Директор на Центарот за Развој на Источен плански регион.

Теми на настанот беа:

  • Презентирање на законските и подзаконските акти за канцелариското и архивското работење – претставник од Државниот архив на Република Македонија:
  • Дефинирање на основните поими во канцелариското и во архивското работење;
  • Споредба помеѓу јавен и приватен архивски материјал;
  • Основни техники во канцелариското работење: како се води основната книга за евиденција – деловодник, како се водат помошните книги за евиденција;
  • Основни техники на архивското работење: архивирање, средување и обработка на документите;
  • Инспекциски надзор врз работењето на имателите на архивски и документарен материјал.
  • Презентација на решенија за користење на новите технологии во водењето на деловодникот.

По завршувањето на сите излагања, се оддржаа B2G средби помеѓу заинтересираните претставници од приватниот сектор и претставниците од Државен архив на Република Македонија.

Проектот се спроведува со техничка и финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).

 

 

 

  

 

 

 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy