Skip to content

ДАТУМ

мај 27, 2015

Категории

Промовиран Кластерот за креативни индустрии КРЕАТИВА Штип

Здружението на ракотворци “ХЕНДМЕЈД АРТ” Пробиштип, на 24 Мај 2015 година, го реализира третото издание на фестивалот на уметност, ракотворби, дизајн и мода “HANDMADE DAY PROBISTIP 2015”. Уметничките дела на ракотворците од Куманово, Скопје, Битола, Штип, Кратово и Пробиштип беа изложени и предизвикаа воодушевување кај бројните посетители.  Значење на фестивалот даде и    присуствувото на г-ѓа Драгица Здравева, директор на Центарот за развој на Источен плански регион. Третото издание на фестивалот го отвори г-ѓа Виолета Пеева , претседател  на Здружението кластер за креативни индустрии КРЕАТИВА Штип, со промоција на целите, задачите и областите на дејствување на кластерот. Бројните ракотворци, учесници на фестивалот, беа подетално информирани за формираниот кластер  КРЕАТИВА  Штип, во Март 2015 година, како дел од активностите што  ЦРИПР ги имплементира од проектот “Вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничниот  регион –КРЕАТИВA” .

Една од приоритетните задачи на кластерот, е зголемување на членството од клучните носители на креативни индустрии,дизајнери,уметници,занаетчи,архитектонски бироа,дигитални медиуми,писатели, консултантски фирми,издавачи.  Една од стратешките цели на кластерот е, вмрежувањето на атрактивностите, и потикнувањето на интерактивноста на членките кои ќе делуваат во Р.Македонија и Р.Бугарија.  Со зајакнат капацитет на менаџментот за ефикасно спроведување на кластерските активности, заеднички програми и проекти, и пристап до надворешни извори на финансирање, ќе се обезбеди одржлив развој на самиот кластер, и ќе се зголеми профитабилноста и конкурентноста на членките. Соработката со формалното и неформалното образование, ќе ги  обезбеди потребните човечки ресурси на членките на класерот. Цел на кластерот е едукација, подигнување на свеста и мотивираност на членките на кластерот и нивниот персонал, со постојана надоградба на нивните знаења и вештини, за доживотно учење и јакнење на сопствените капацитети.  Развојот на заедничките маркетинг активности и континуирана и добра информираност  на членките  за трендовите во креативната индустрија, на регионално, национално и меѓународно ниво е од големо значење. Претседателката на кластерот КРЕАТИВА Штип,  упати покана до присутните ракотворци да пристапат во  кластерот и да бидат носители во реализацијата на планираните активности.

Со аплауз и честитки беа проследени креациите, од рачно плетена волна,памук и свила за деца и млади на дизајнерот г-ѓа Сузана Николова Панева од Штип, и модните парчиња за млади на дизајнерите Марио Милосов и Бранка Спасовска од Пробиштип.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy