Skip to content

Потпишан Договор за Изработка на Елаборат за геомеханички истражни работи за изработка на техничка документација за изградба на патишта и паркинг простори во СРТЦ ПОНИКВА

ДАТУМ

јуни 4, 2015

Категории

На 28 мај 2015 година, Центарот за развој на Источен плански регион го потпиша Договорот за Изработка на Елаборат за геомеханички истражни работи за изработка на техничка документација за изградба на патишта и паркиралишта (паркинг простори) во Спортско Рекреативен Туристички Центар ПОНИКВА во рамките на проектот Изградба на патишта и паркинг простор во СРТЦ Пониква и “Осогово”-препознатлива туристичка дестинација и регионален планински центар-до мобилност и комуникација со изградба на жичари и ски лифтови за вертикален транспорт.

Проектот е финансиран од Европската Унија а управуван од страна на Германското Друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), Програма за регионален економски развој во Македонија.

Фирмата која ќе работи на Изработка на Елаборатот за геомеханички истражни работи за изработка на техничка документација за изградба на патишта и паркиралишта (паркинг простори) во Спортско Рекреативен Туристички Центар ПОНИКВА е Друштво за геолошки истражувања, проектирање и инженеринг ГЕОС-М ДООЕЛ – Скопје.

Реализацијата на овој проект води кон создавање на услови за динамичен и оддржлив развој на Cки туризмот во Источниот плански регион. Со проектот се предвидени геомеханички истражни работи и лабараториски испитувања за предвидени сообраќајници и стационарен сообраќај за Општините Пробиштип и Кочани.

Изградбата на современа и квалитетна инфраструктура во СРТЦ Пониква, игра значајна улога во создавањето на услови за подолг престој и зголемување на бројот на домашни и странски туристи. Центарот за развој на Источен плански регион уште од почетокот на своето работење работи интензивно на создавање на услови за поинтензивен развој на регионот и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните со посебен акцент да  СРТЦ Пониква да добие физиономија на уредена туристичка населба.

Крајниот рок за извршување на услугата е  01 Јули 2015 година.

 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy