Skip to content

Втор Советодавен Настан со приватен сектор од ИПР во рамки на проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за МСП во ИПР“

ДАТУМ

јуни 16, 2015

Категории

На 12-ти јуни, 2015 година, во големата сала на Општина Штип, се оддржа Вториот Советодавен настан со приватниот сектор од Источен плански регион како дел од активностите во рамките на проектот „Формирање на бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион”.

Настанот го отвори Г-ѓа Драгица Здравева, Директор на Центарот за Развој на Источен плански регион.

Теми на настанот беа:

  • Презентација на стратегијата за развој на земјоделството, субвенции, грантови и повици –(Г-дин Илчо Маролов, од Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството);
  • Презентација за мерка 302 од ИПАРД програмата за рурални бизниси–(Г-ѓа Билјана Костовска од Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – ИПАРД);
  • Презентација на користење на новите технологии во земјоделството – првиот македонски систем за размена на земјоделски производи–(М-р. Игор Иљовски  и Д-р. Ѓорѓи Мартиновски од Агри Инфо.Нет);
  • Презентација на програмата за соработка – (Г-дин Горазд Чомовски од Македонско– Бугарска Стопанска Комора).

По завршувањето на сите излагања, се оддржаа B2G средби помеѓу заинтересираните претставници од приватниот сектор и претставниците од Агенцијата за рурален развој, ИПАРД, Агри Инфо и Македонско-Бугарска Стопанска Комора.

Проектот се спроведува со техничка и финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP). 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy