Skip to content

Работилница за “Стратешко планирање на кластер Креатива”

ДАТУМ

јули 3, 2015

Категории

Една од активностите на проектот Вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничниот регион е зајакнување на капацитетите на членовите на кластерот за креативна индустрија „КРЕАТИВА“ и изработка на Стратегија за развој на кластерот. Работилницата  се одржа на 25-26. Јуни 2015 година во хотел Изгрев во Штип. 

Целта на работилницата  е дефинирање на основните вредности, мисија, визија и долгорочни цели на кластерот Креатива. Добиените резултати ќе послужат за изработка на Стратегија за развој на кластерот, и ќе создадат основа за изработка на акциски план, зголемувањеи поттикнување на иницијативноста, одговорноста и мотивацијата на своите членки.

На работилницата зедоа учество Членки на кластерот за креативна индустрија Креатива  – МСП и сродни организации од областа на креативни индустрии од Источниот плански регион и пограничниот регион на Република Бугарија – (дизајнери, архитектонски бироа, занаетчии, уметници, дигитални медиуми, консултантски фирми, итн.)

Вториот ден учесниците на работилницата ги посетија фабриката за автобуски конструкции АКТИВА, Фабриката за чевли БАРГАЛА, и Музејот на ВМРО со восочни фигури во Штипско Ново Село.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy