Skip to content

Отворен повик за учество во Школа за иновации и претприемништво

ДАТУМ

март 3, 2016

Категории

локација:    Делчево, хотел „Македонија“
датум:         14 – 18 март, 2016

Центарот за развој на Источен плански регион преку проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“ воспостави Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион. Проектот се спроведува со техничка и финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).

Воспоставениот Бизнис Центар има за цел зголемување на конкурентноста на регионот преку поддршка на малите и средните претпријатија и претприемништвото, што воедно е нотирано како стратешки приоритет во Програмата за развој на Источниот плански регион (2015-2019). Во таа насока е и имплементацијата на 2 петдневни Школи за иновации и претприемништво за 50 учесници – жители на Источниот плански регион, кои ќе бидат имплементирани од страна на Центарот за развој на Источен плански регион и Гешталт Солушнс д.о.о., Штип.

ЗА ШКОЛАТА ЗА ИНОВАЦИИ И ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Бизнис Центарот за поддршка и консултативни услуги за МСП во ИПР при Центар за развој на Источен плански регион и Гешталт Солушнс д.о.о., Штип организираат Школа за иновации и претприемништво.

Школата за иновации и претприемништво има за цел да ги охрабри и зацврсти претприемничките мисли и дела на жителите на Источниот плански регион.

Школата ја водат успешни претприемачи од Гешталт Солушнс и тоа:

  • Проект менаџер со меѓународен сертификат за проектен менаџмент (PMP, CMC),
  • Ментор со национално и меѓународно искуство во поддршка на старт-апи,
  • Експертии консултантиза иновации, проектен менаџмент и маркетинг, развој на мрежи, менторска поддршка и истражување за финансирање на проекти
  • Успешни претставници од бизнис секторот.

Теми на Школата за иновации и претприемништво
Школата ги опфаќа следните теми:

  • Концепт на претприемништво, лични вештини и алатки за планирање на бизнисот
  • Оценка на окружување и области за иновации
  • Алатки и вештини за мобилизирање на средства од расположивите програми.

Сертификат
Редовните учесниците добиваат Сертификат за успешно завршена Школа за иновации и претприемништво.

Време и место на одржување
Првата Школа ќе се оддржи во периодот 14-18 март, 2016 година во Делчево.

Трошоците за работните материјали, транспорт за учесниците на Школата и сместување за учесниците со 4 (четири) полни пансиони е обезбедено од страна на Бизнис Центарот за поддршка и консултативни услуги за МСП во ИПР.

Кој може да се пријави и како?
Во Школата можат да учествуваат лица на возраст меѓу 18 и 35 години, жители на Штип, Карбинци, Кочани, Зрновци, Македонска Каменица, Виница, Делчево, Берово, Пехчево, Чешиново-Облешево и Пробиштип.

За да учествуваат во Школата потребно е да испратат:

Биографија (CV) и Пропратно/Мотивационо писмо зошто сакаат да учествуваат на Школата и опис на производ/услуга/бизнис на која ќе работат на Школата  и / или

Видео презентација за себе и производ/услуга/бизнис на која ќе работат на Школата. Видео презентацијата треба ги содржи следниве информации:

  • име и презиме
  • образование
  • познавање на странски јазици и работа на компјутери
  •  производ/услуга/бизнис на која ќе работи на Школата.

на:      bc.ipr@eastregion.mk, contact@gestaltsolutions.com.mk.

најдоцна до 10 март 2016, четврток до 14.00 часот.

Повеќе информации за Школата ќе добиете на горенаведените мејл адреси и на тел. 078 / 392 252.    

Повикот достапен во пдф документ тука (ppt формат).

Школата за иновации и претприемништво се организира во рамки на проектот „Формирање на Бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“ кој што е технички и финансиски помогнат од страна на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy