Skip to content

ДАТУМ

мај 5, 2016

Категории

Панел дискусија: „Напорната работа ткае успешна претприемачка приказна“

Во насока на зајакнување на претприемничката мисла и претприемничките дела кај жителите на Источниот плански регион, особено кај младите лица, на 28-ми Април, 2016 година се имплементираше настан посветен на Глобалната недела на претприемништвото. На истиот учество зедоа 40тина млади лица, тековни и потенцијални претприемачи од Источниот плански регион.

Настанот го отвори Раководителката на Центарот за развој на Источен плански регион, Г-ѓа Драгица Здравева која зборуваше за можностите кои на тековните и идните претприемачи им ги нуди Центарот за развој, а од минатата година и Регионалниот Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион. Претставникот на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) во Р. Македонија – Г-динот Драган Ристовски ги информираше учесниците за програмите и мерките кои УНДП, во соработка со Владата на Р. Македонија и релевантните Министерства, ги нуди за тековните претприемачи, но и за младите лица кои имаат желба да започнат сопствен бизнис.

Во рамки на овој настан, Г-динот Наум Барзов, од АД Баргала, Штип ги претстави почетоците на една од најуспешните компании кои функционираат на територијата на општина Штип – компанијата од областа на чевларската индустрија – АД Баргала.

Овој настан се организираше во рамките на проектот „Формирање на Бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“ кој што е технички и финансиски помогнат од страна на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy