Амбасадорот на Швајцарија во Источен плански регион
На 21 јули 2016 година, амбасадорот на Швајцарската конфедерација во Република Македонија Н.Е. Сибил Сутер Техада го посети Источниот плански регион - Брегалничкиот регион, при што посети дел од проектите кои се реализирани во рамките на Програмата за зачувување на природата во Македонија и оствари повеќе работни состаноци меѓу кои: со раководителот на Центарот за развој на Источен плански регион г-ѓа Драгица Здравева, претседателот на Советот за развој на Источен плански регион и градоначалник на општина Кочани г-дин Ратко Димитровски, како и со градоначалникот на општина Зрновци г-дин Блаже Станков.