Skip to content

Амбасадорот на Швајцарија во Источен плански регион

ДАТУМ

јули 25, 2016

Категории

На 21 јули 2016 година, амбасадорот на Швајцарската конфедерација  во Република Македонија Н.Е. Сибил Сутер Техада го посети Источниот плански регион – Брегалничкиот регион, при што посети дел од проектите кои се реализирани во рамките на Програмата за зачувување на природата во Македонија и оствари повеќе работни состаноци меѓу кои: со раководителот на Центарот за развој на Источен плански регион г-ѓа Драгица Здравева, претседателот на Советот за развој на Источен плански регион и градоначалник на општина Кочани г-дин  Ратко Димитровски, како и со градоначалникот на општина Зрновци г-дин Блаже Станков.

Посетен беше пилот проектот за одржливо производство на ориз, кој се реализира во рамки на ПЗП на експериментална парцела на оризопроизводителот Јорданчо Левков во општина Чешиново-Облешево, при што беа презентирани очекувањата во поглед на намалување на потрошувачката на вода со користење на систем капка по капка и намалено коирстење на хемиски средства при производството на ориз. Исто така, амбасадорот Техада имаше можност да го посети нагледниот пчеларник кај браната Гратче во општина Кочани и да се запознае со првичните резултати од активностите за поддршка на млади пчелари. Покрај тоа, при посетата на општина Кочани од страна на претседателот Димитровски беа презентирани и резултатите од останатите проекти кои се реализирани во регионот и општина Кочани со поддршка на Швајцарската конфедерација: Нацрт просторен план за ИПР, Студија и стратегија за развој на туризмот во ИПР, Анализа за биолошката разновидност во ИПР, Уредување на водопадите на браната Гратче, енергетска ефикасност на детската градинка Павлина Велјанова-клон 4, Изградба на пречиситителна станица за отпадни води во Кочани, Патеката на клукајдрвчето на Пониква, Санирање на штети од поплавите на Оризарска Река, Туристички инфо центар Пониква и др.

Во рамки на работната посета на регионот, амбасадорот ја посети и општина Зрновци, каде од страна на градоначалникот Станков беа презентирани резултатите од проектите кои се реализирани од страна на општина Зрновци и здруженијата Јавор и Движење за одржлив развој: Заштита и промоција на група платанови стебла во с.Морородвис – прогласени за природна реткост, зачувување на агробиодиверитетот во општина Зрновци, Основање на ресурсен центар за едукација наменет за учениците и фармерите во општината, Регулација на Зрновска Река во с.Мородвис, Уредување на археолошкиот локалитет во с.Мородвис, Енергетска ефикасност на општинската зграда во Зрновци и др.

Амбасадорот Техада  изрази задоволство од реализацијата на досегашните активности на Програмата во Брегалничкиот регион и посака и понатамошен успех во реализацијата на програмските активности.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy