Работилница во рамки на проектот „Изработка на студија за определување на статусот на пасиштата на територијата на ИПР“
На 29-ти септември, 2016 година, во Хотел „Изгрев”- Штип, се оддржа Работилница во рамки на проектот „Изработка на студија за определување на статусот на пасиштата на територијата на Источен плански регион“.
Студијата треба да се содржи соодветни податоци и информации кои треба да му помогнат на Источниот плански регион и соодветните институции на национално ниво во идното планирање на развојот на сточарството во регионот и подобрување на регионалниот и локалниот одржлив развој за кој покрај економската и социјалната компонента треба да биде задоволена и компонентата за зачувување на природата и особено, биодиверзитетот преку дефинирање на начините на негово одржливо користење.