Skip to content

Презентација на проектот за „Подобрување на општинските услуги”

ДАТУМ

септември 21, 2016

Категории

На 15-ти септември, 2016 година, во организација на Центарот за развој на Ценатрот за развој на Источен плански регион а со поддршка од страна на Министерството за локална самоуправа на Република Македонија во „Еуро Хотел Градче“ – Брана Градче, Општина Кочани, се одржа информативен настан за “Вториот Проект за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната Банка за обнова и развој (Светска банка)”.

 На настанот покрај градоначалниците од регионот, одговорните лица од јавните комунални претпријатија и општинитеприсуствуваше и Министерот за локална самоуправа г-ѓа Ширет Елези.

Претставниците на Светска банка ги презентираа условите за поволно кредитирање на општините за реализација на инфраструктурни проекти наменети за подобрување на комуналните услуги во општините.

Средствата ги обезбедува Светска банка во рамките на втората фаза од проектот Подобрување на локалните услуги.

Можноста за користење на заем од Светска банка со минимална камата од 0,3 % за изградба на значајни инфраструктурни објекти како што се водоводи, канализации, прочистителни станици и друго, е можност за општините значително да ги подобрат комуналните услуги, кои што на локално ниво се меѓу најзначајните за граѓаните.

Министерката за локална самоуправа г-ѓа Ширет Елези истакна дека во првата фаза од проектот со свои инфраструктурни проекти се вклучиле 57 општини од кои 36 % биле проекти за реконструкција на локалната инфраструктура и 13 % проекти за водоснабдување, реконструкција на локални јавни објекти, набавка на опрема за комунални претпријатија, обезбедување на енергетска ефикасност на јавни објекти во општините.

Воедно, Министерката г-ѓа Ширет Елези истакна дека во втората фаза акцентот ќе биде ставен на зајакнување на капацитетите на општините за испорака на услуги на транспарентен, инклузивен и на отчетен начин. Значи покрај подобрувањето на квалитетот на самата услуга, има и додадена вредност за заедницата.  Значајна е вклученоста на граѓаните во утврдувањето на приоритетите, финансиската транспарентност и отчетност во работењето и обезбедување на социјална инклузија преку градење на партнерства.

Овој настан е прв од ваков тип што се одржа во Источниот плански регион.

Презентациите на настанот се однесуваа на:

  • Досегашните искуства од спроведувањето на проектот „Подобрување на општинските услуги финансиран со заеми од Меѓународната Банка за обнова и развој (Светска банка)”;
  • Нов програмски период од проектот „Втор Проект за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната Банка за обнова и развој (Светска банка)”   и
  • Разликите во начинот на аплицирање и користење на средства од „Вториот Проект за подобрување на општинските услуги”.

Настанот е организиран со финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа на Република Македонија во соработка со Центарот за развој на Источен плански регион.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy