Skip to content

Промоција на Регионална Стратегија за Иновации за Источен плански регион

ДАТУМ

септември 23, 2016

Категории

На 20-ти септември, 2016 година, во Хотел „Изгрев”- Штип, се оддржа информативен настан со приватниот сектор од Источен плански регион, општините од Источен плански регион и останатите заинтересирани чинители на тема: Промоција на Регионална Стратегија за Иновации за Источен плански регион.

Во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен регионален економски развој во Македонија, спроведуван од страна на ГИЗ (Германско друштво за меѓународна соработка), се изработи Регионална Стратегија за Иновации за дефинирање на приоритетите за регионални иновации и иновативниот потенцијал на регионот.

Целта на регионалната стратегија за иновации е да се стимулираат иновациите, претприемништвото и подобра искористеност на иновативниот потенцијал на регионот, преку зајакнување на соработката помеѓу истражувачките центри и бизнис заедницата, притоа фокусирајќи се на развојот на МСП.

Регионалната стратегија за иновации се подготвуваше преку партиципативен процес со вклучување на претставниците од општините, приватниот сектор (стопански комори, кластери, бизнис асоцијации итн.) истражувачки и образовни институции, како и граѓанскиот сектор.

Организирањето на ваков тип на настани е значаен чекор во поддршка на приватниот сектор т.е малите и средни претпријатија, трговци / економски оператори во регионот, занаетчии, потенцијални заинтересирани странски и домашни инвеститори и др.

На настанот присуствуваа претставници од: МСП, претприемачи, општини, здруженија на граѓани и фондации, невработени лица, занаетчии, трговци, членови на кластери и мрежи и потенцијални странски и домашни инвеститори.

Настанот со поздравна порака го отвори Г-ѓа Драгица Здравева, Директор на Центарот за Развој на Источен плански регион.

 

Теми на настанот беа:

  • Презентација на финалната верзија на Регионалната Стратегија за Иновации за Источен плански регион   и
  • Идни чекори во врска со реализација на приоритетни проекти од Регионалната Стратегија за Иновации за Источен плански регион.

По завршувањето на сите излагања, се оддржаа B2G средби помеѓу заинтересираните претставници од приватниот сектор и претставник од фирмата О3,  изработувач на  документот  во врска со изработката на Регионална Стратегија за Иновации за Источен плански регион.

Настанот имаше интерактивен карактер од коj се согледа заинтересираноста на бизнис заедницата од ваков тип на информативни настани од различни области.

Настанот се спроведува со техничка и финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа и ГИЗ ЛЕИВВ, во соработка со Центарот за развој на Источен плански регион.

 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy