Skip to content

Работилница во рамки на проектот „Изработка на студија за определување на статусот на пасиштата на територијата на ИПР“

ДАТУМ

септември 30, 2016

Категории

На 29-ти септември, 2016 година, во Хотел „Изгрев”- Штип, се оддржа Работилница во рамки на проектот „Изработка на студија за определување на статусот на пасиштата на територијата на Источен плански регион“.

Студијата треба да се содржи соодветни податоци и информации кои треба да му помогнат на Источниот плански регион и соодветните институции на национално ниво во идното планирање на развојот на сточарството во регионот и подобрување на регионалниот и локалниот одржлив развој за кој покрај економската и социјалната компонента треба да биде задоволена и компонентата за зачувување на природата и особено, биодиверзитетот преку  дефинирање на начините на негово одржливо користење.

За таа цел работилницата е од големо значење за добивање на квалитетна студија на база на која во иднина ќе се заснова развојот на сточарството во Источниот плански регион.

На настанот присуствуваа претставници од: МСП, претприемачи, општини, здруженија на граѓани (земјоделци, фармери, пчелари, сточари), Министерство за земјоделие (подрачни единици), колекционери на пасишта, Шумска полиција, Факултет за земјоделски науки, АФПРЗЗ, невработени лица, занаетчии, трговци, членови на кластери и мрежи и потенцијални странски и домашни инвеститори.

Настанот со поздравна порака го отвори Г-ѓа Драгица Здравева, Директор на Центарот за Развој на Источен плански регион.

Теми на настанот беа:

  • Вовед во проектот,
  • GIS компонента на проектот   и
  • Анализа на постојната состојба на пасиштата и нивно користењe.

По завршувањето на сите излагања, се оддржаа B2G средби помеѓу заинтересираните претставници од приватниот сектор и претставникот од фирмата О3, и професорите од Факултет за земјоделски науки и храна, УКИМи Градежен факултет, УКИМ во врска со студијата за определување на статусот на пасиштата на територијата на Источен плански регион“.

Настанот имаше интерактивен карактер од коj се согледа заинтересираноста на бизнис заедницата од ваков тип на настани.

Овој настан се спроведува во рамки на Програмата за зачувување на Природата во Македонија.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy