Skip to content

Eднодневна обука во рамки на проектот „Бизнис Центар – „Клик“ поблиску до вашиот бизнис“

ДАТУМ

октомври 12, 2016

Категории

На 12-ти октомври, 2016 година, во DROP – лабораторија при Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип  во Кампус 2, се оддржа еднодневна обука во рамки на проектот „Бизнис Центар – „Клик“ поблиску до вашиот бизнис“.

Центарот за развој на Источен плански регион во рамките на овој проект изработи иновативна веб и мобилна апликација “КЛИК“, со цел да се овозможи поефикасна и поефективна комуникација меѓу Бизнис центаротприЦентарот за развој на Источниот плански регион и бизнис заедницата со редовна комуникација преку интернет и мобилни апликации.

Главната цел на проектот е да се зголеми конкурентноста на Источниот плански регион преку нови иновативни методи за поддршка и промоција на малите и средни претпријатија и промоција на регионот кон домашни и странски инвеститори.

За користењето на оваа апликација се направи обука на лица од Општините коишто ја познаваат оваа проблематика.

Овој проект финансиски е поддржан од Германското друштво за меѓународна соработка  (GIZ).

Носител на проектот е Центарот за развој на Источен плански регион.

За реализација на проектот потпишан е Меморандум за соработка помеѓу Центарот за развој на Источен плански регион и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Имлементацијата е доверена на Лабораторијата за дигитални ресурси и отворен пристап (ДРОП) на Факултетот за информатика при УГД. Како и набавка на ИТ опрема во рамки на проектот, модернизација на ДРОП лабораторијата во склоп на УГД.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy