Skip to content

ДАТУМ

ноември 6, 2016

Категории

Учество на претставници од центарот за развој на Источен пласки регион на меѓународната конференција на тема „НИЕ СМЕ ПАРКОВИ“

Од страна на EUROPARC и Parc Jura vaudois од Швајцарија беше организирана конференција „НИЕ СМЕ ПАРКОВИ“ која се одржа во St.-George Швајцарија.

Целите на конференцијата беа да се осознае како напредува Стратегијата  одобрена од членките на EUROPARC, како и другите иницијативи, настани и планови за иднината на Федерацијата.

Од старна на Центарот за развој на Источен плански регион на Конференцијата учествуваа двајца претставници кои ја претставија „Програма за зачувување на природата во Македонија“ и постигнатите резултати од истата финансирана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка – Швајцарската Конфедерација,  која веке 5-та година се имплементира  во ИПР. Запознавањето со принципите на EUROPARC како и придобивките од прогласување на заштитени подрачја од различен степен во земјите членки е од особено значење и за учесниците од ЦРИПР , имајки во предвид дека Центарот во иднина треба да биде лидер и пример за останатите центри во Р. Македонија во зачувувањето на природата и нејзиното одржливо управување. 

На конференцијата претставниците од различни држави ги претставија своите искустава во управувањето со заштитените подрачја, предностите , предизвиците  со кои  се соочиле и како ги решаваат проблемите кои се појавуваат.

Оваа конференција е од особено значење како за Центарот за развој на Источен плански регион, така и за општините од регионот на чија што територија постојат природни реткости кои во иднина можат да бидат прогласени за заштитени подрачја од различен степен на заштита и од различен вид.

Со досегашните истражувања и активности спроведени преку Проектот „Програма за зачувување на природата во Македонија“ поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка, а имплементирана од страна на HELVETAS Swiss Intercooperation, Фармахем дооел Скопје и Центарот за развој на Источен плански регион беа мапирани повеќе локации кои можат да бидат прогласени за природни реткости. За овие подрачја, се изработени Елаборати  за прогласување на природни реткости во неколку општини и истите ќе бидат доставени до Министерството за животна средина и просторно планирање за добивање на Акт за прогласување на природна реткост.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy