Skip to content

Информативен настан на тема: „Јавни набавки согласно правилата и процедурите на Светска Банка“

ДАТУМ

ноември 7, 2016

Категории

Центарот за развој на Источен плански регион во соработка со Министерството за финансии – Проектот за подобрување на општинските услуги (MSIP) и Светска банка организираат информативен настан на тема: „Јавни набавки согласно правилата и процедурите на Светска банка“.  Информативниот настан се оддржа на 02-ри ноември, 2016 година, во Хотел „Изгрев” – Штип.

Целта на овој Информативниот настан еподетално запознавање на стопанскиот сектор во Република Македонија со правилата и процедурите за набавки на Светска банка, нивната примена при набавката на добра и градежни работи како и специфичните искуства од досегашното спроведувањето на јавните набавки кај проектите финансирани од Проектот за подобрување на општинските услуги.

Настанот со поздравна порака го отвори Г-ѓа Драгица Здравева, Директор на Центарот за Развој на Источен плански регион.

Теми на настанот беа:

  • Правилата и процедури за набавки на Светска банка;
  • Јавни набавки и одговорности;
  • Подготовка на понуди и најчести причини за нивно одбивање;
  • Oпшти пост-квалификациски критериуми за градежни работи и добра, процедура на жалба и слично;

Процедурите кои беа презентирани на настанотсе однесуваа на сите набавки на стоки, градежни работи и услуги (вклучувајќи и консултантски услуги) кои се делумно или целосно финансирани со средства на Светска банка.

По завршувањето на излагањата, се оддржаа B2G средби помеѓу заинтересираните претставници од приватниот сектор и општините со претставникот од Светска банка, во врска со Јавните набавки согласно правилата и процедурите на Светска Банка.

Настанот е организиран со финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа на Република Македонија во соработка со Центарот за развој на Источен плански регион.

 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy