Skip to content

ДАТУМ

март 3, 2017

Категории

Оддржана Прва Прес конференција за проектот “Зелени згради за заедничка зелена иднина-ГРЕЕН”, финансиран од Првиот повик на Интеррег – ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија

На 28 февруари 2017 година, Центарот за развој на Источен плански регион и Обласната Админинстрација Благоевград оддржаа Прва Прес конференција за промоција на проектот “Зелени згради за заедничка зелена иднина-ГРЕЕН”CB006.1.11.038, финансиран од Првиот повик на Интеррег – ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020.

Центарат за развој на Источен плански регион – Штип, како водечки партнер во Проектот „Зелени згради за заедничка зелена иднина-ГРЕЕН“ на Првата Прес конференција ги промовираа активностите во рамки на проектот пред предствавници од општините во состав на двата региони, медиумите и останати заинтересирани страни од прекуграничниот регион.

На Прес конференцијата свое обраќање за значењето на Проектот имаа:

  •  Г-ѓа Драгица Здравева-Раководител на Центар за развој на Источен плански регион и Финансов експерт во Проектот;
  •  Г-дин Ратко Димитровски-Градоначалник на Општина Кочани;
  •  Г-дин Валериј Сарандев-Управител на Обласната Администрација Благоевград и
  •  Г-дин Денис Жерновски-Тим лидер на проектот.

 

Главна цел на настанот беше присутните гости детално да се запознаат со активностите предвитени во рамки на проектот ГРЕЕН т.е. реконструкција на административната зграда на Општина Кочани за зголемување на нејзината енергетска ефикасност и промена од енергетска класа Д во енергетска класа Б. Зградата изградена на почетокот на 20 век ќе го задржи својот архитектонски стил, но реализацијата на проектот поставување на термичка изолација, зелен кров, замена на прозори, лифт и тоалетите за лица со посебни потреби ќе се претвори во вистински енергетски европски објект единствен од ваков тип во регионот.

Слични активности ќе бидат изведени и на Административната зграда на Регионалната Администрација во Благоевград.

Ова е прв заеднички проект на Источниот плански регион и Регионалната Администрација Благоевград.

Освен реконструкција, проектот вклучува и Кампања за зголемување на свесноста на граѓаните за изградба на зелена инфраструктура, која освен што е позитивна за животната средина, позитивно се одразува и врз буџетот на граѓаните, повеќе тематски работилници, веб портал, регионална стратегија за енергетска ефикасност и повеќе работни средби.

Вкупниот буџет на проектот е 398.436,00 евра.

 

 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy