Skip to content

ДАТУМ

април 21, 2017

Категории

Одржан координативен состанок за напредокот на проектот за воспоставување на интегриран систем за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион

На 7 април 2017 година, во Бизнис салата за состаноци на Скопски саем во Скопје на покана на Министерот за Животна средина и просторно планирање г-дин Башким Амети, се одржа координативна работна средба со градоначалниците од Источниот и Североисточниот регион како и претставници од Центрите за развој на Источен и Североисточен плански регион.

Целта на состанокот беше да се претстават досегашните постигнати резултати од проектот за избор на локацијата за меѓурегионалната депонија, како и идните чекори кои се неопходни да бидат преземеме за отпочнување на постапката за набавка на канти и возила за собирање на отпад, затворање на дивите депонии како и изработка и ревизија на техничка документација за изградба.

Беше истакнато дека ревизијата на техничката документација ќе биде финансирана од страна на општините од двата региона што воедно ќе претставува и нивно кофинансирање во проектот.

Исто така беше истакнато дека сите учесници во пректот мораат да внимаваат на рокот и своите обврски да ги извршуваат навремено, заради запазување на планираните рокови.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy