Skip to content

Презентацијата на учениците од ПСУ ”САБА” за двонеделен престој во Германија, Португалија, Италија и Шпанија за реализација на Еразмус проектот со име “Европски бизнис”

ДАТУМ

април 24, 2017

Категории

Приватното средно училиште ”САБА“ – Средношколска академија за бизнис и администрација во соработка со Центарот за развој на Источен плански регион во НУ – УБиблиотека ”Гоце Делчев” – Штип на  24.04.2017 година (понеделник), ја реализираа презентацијата на учениците од ПСУ ”САБА“ кои две недели беа на пракса  во Германија, Португалија, Италија и Шпанија.

“Европски бизнис” е името на Еразмус проектот преку кој 16 ученици во различни европски интернационални компании имаа можност да стекнат искуство од on-line бизнисот, интернет маркетингот, интернет трговијата и сл.

Покрај обуката учениците се запознаа и со културните вредности и историските знаменитости на едни од најголемите европски градови (Лајпциг, Дрезден, Берлин, Монтижо, Лисабон, Болоња, Барселона и др.)

По завршувањето на презентацијата беа доделени сертификатите на сите ученици во проектот кои беа обезбедени од страна на посетените земји.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy