Skip to content

ДАТУМ

мај 19, 2017

Категории

Eднодневна обука на тема: „Јакнење на капацититети за ЕУ”

Центарот за развој на Источен плански регион во соработка со Центарот за обука на Секретаријатот за европски прашања (СЕП), при Секторот за координација на Европски фондови и друга странска помош во СЕП во рамките на твининг проект, на ден 18-ти Мај 2017 година (четврток), во  хотел Изгрев во општина Штип организираа еднодневна обука на тема: „Јакнење на капацитетите за ЕУ“.

Целта на работилницата беше да се презентираат програмите за финансирање од ЕУ наменети за институциите, граѓанскиот и приватниот сектор како и да се презентираат активностите на Центарот за обука на Секретаријатот за прашања на Р.Македонија.

На настанот присуствуваа претставници од: Секретаријатот за европски прашања (СЕП), Центар на извонредност, Министерство за надворешни и европски прашања на Република Хрватска како и партнери во рамките на твининг проектот, општините, лица од невладиниот сектор, МСП, претприемачи, здруженија на граѓани и фондации, занаетчии, трговци, земјоделски сектор, членови на кластери и мрежи и потенцијални странски и домашни инвеститори.

Теми на настанот беа:

  • Презентација на ИПА I и ИПА II: Можности за општините и регионалните чинители,  
  • Презентација на обуката за ЕУ на регионално ниво: Студија на случај од Хрватска и
  • Презентација на Центарот за обука на СЕП.

По завршувањето на сите излагања, се оддржаа B2G средби помеѓу заинтересираните претставници од oпштините и приватниот сектор и претставниците од Секретаријатот за европски прашања (СЕП) и Центар на извонредност, Министерство за надворешни и европски прашања на Република Хрватска.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy