Skip to content

ДАТУМ

јуни 13, 2017

Категории

Иницијален состанок за воспоставување на Заштитени подрачја во сливот на река Брегалница

Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, координирана од Фармахем‐Скопје започна со реализација на втората фаза со времетраење од 4 години (2017‐2020) во којшто стратешки партнер е Центарот за развој на Источен плански регион и 11-те општини од регионот. На ден  08-ми Јуни 2017 година (четврток), во  ресторан „Аква“ во Кочани  се оддржа иницијален состанок – Инфо ден.

Главната цел на Програмата e да и помогне на Република Македонија во зачувување на уникатната биолошка разновидност и природните екосистеми, преку одржливо управување и користење на природните ресурси, со особен фокус на брегалничкиот регион.

Еден од главните очекувани резултати во втората фазa на Програмата е подобрување на статусот на природните вредности во брегалничкиот регион преку реализација на низа активности за зачувување на природата. Заради подетална презентација на планираните активности, Програмата организира иницијален состанок со сите заинтересирани страни.

На настанот присуствуваа претставници од: јавните претпријатија коишто стопанисуваат со шумите и пасиштата, НВО, хотели, рудници, млекари, пчелари, општини, Швајцарска агенција за развој и соработка, Фармахем‐Скопје, Центарот за развој на Источен плански регион, Македонско еколошко друштво итн.

Теми на настанот беа:

  • Презентација на „Програмата за зачувување на природата во Македонија – фаза 2“,  
  • Презентација на „Заштитените подрачја во сливот на река Брегалница – состојба, предлози и следни чекори“.

По завршувањето на сите излагања, се оддржаа B2B средби помеѓу заинтересираните претставници од oпштините и приватниот сектор.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy