Skip to content

ДАТУМ

јуни 14, 2017

Категории

Започнуваат градежните активности за „Изградба на Регионален Етно парк во с. Зрновци – Фаза I“

Започнуваат градежните активности за реализација на проектот „Изградба на Регионален Етно парк“ во с. Зрновци – Фаза I.

За таа цел на 12ти Јуни 2017 година (понеделник) во Општина Зрновци, претставници од Центарот за развој на Источен плански регион како носител на проектот и Општина Зрновци како партнер во проектот оддржаа координативен состанок со избраниот Изведувач на градежните работи компанијата „КОД-ИНЖИНЕРИНГ ДООЕЛ” – Струмица и фирмата одговорна за вршење на стручен надзорот над објектот „Профил Инжинеринг ДОО увоз-извоз“ – Велес.

Целта на состанокот беше официјално воведување во работа на изведувачот, разгледување на локацијата каде ќе се гради Регионалниот Етно парк од страна на стручните лица и дискусија околу динамичкиот план за изведување на работите.

Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од Буџетот на РМ, преку Програмата за регионален развој, за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на планските региони во 2017 година и за истите помеѓу Министерството за Локална Самоуправа – Биро за регионален развој и Центарот за развој на Источен плански регион е склучен Договор за реализација на проекти во Источен плански регион и од Буџетот на општина Зрновци.

Вкупната вредност за реализација на проектот е 2.553.319,40 мкд, а краен рок за реализација на проектот е 20-ти октомври 2017 година. 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy