Skip to content

Презентација од стекнатите знаења по извршената посета на обука во Јапонија

ДАТУМ

јули 5, 2017

Категории

На 05.07.2017 година во просториите на Центарот за развој на Источен плански регион, г-дин Емил Василев изврши презентација пред вработените во Центарот од учеството на  обуката „Управување со катастрофи поврзани со води (подготвеност, ублажување и реконструкција)“ , J1704034. (“Water Related Disaster Management (Preparedness, Mitigation and Reconstruction)”, J1704034). Обукта беше организирана од страна на JICA (Јапонска агенција за меѓународна соработка). Истата се одржа во периодот од 14.05 – 10.06.2017 година во Токио, Нагоја и Tsukuba – Japonija.

Целта на обуката беше да се зајакне способноста на учесниците да создаваат/развиваат политики и имплементираат мерки за намалување на штетите настанати со водени катастрофи преку учење на политики и системи на водена контрола и менаџмент на катастрофи во Јапонија.

Со оваа презентација г-дин Емил Василев ги пренесе стекнатите знаења и искуства на своите колеги, здобиени од учеството на обуката во Јапонија преку примерите и искуствата во справување со водени и друг вид на катастрофи во Јапонија, но и во земјите учеснички на обуката.

Преземете ја презентацијата на овој линк.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy