Skip to content

ДАТУМ

септември 12, 2017

Категории

Работилница со цел развој на три различни сценарија за заштитени подрачја во сливот на река Брегалница

Програмата за зачувување на природата во Македонија, фаза 2, проект финансиран од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка, а  координиран од Фармахем‐Скопје во којшто стратешки партнер е Центарот за развој на Источен плански регион и 11-те општини од регионот и Македонско еколошко друштво, имплементирачки партнер на ПЗП, на ден 31-ви август 2017 година (четврток), во  хотел „Изгрев“ во Штип  организираа работилница со цел  развој на три различни сценарија за заштитени подрачја во сливот на река Брегалница.Една од главните активности е воспоставување на заштитени подрачја во сливот на река Брегалница.

Процесот ќе започне со развој на три различни сценарија за заштитени подрачја во сливот на река Брегалница, преку примена на широки консултативен процес со партиципативно вклучување на локални чинители, а потоа и избор на најсоодветното сценарио.

Една од алатките која ќе го олесни одбирањето на вистинското сценарио зазаштитени подрачја е оддржаната работилница со корисниците на ресурси од регионот. Целта работилница беше да се направи анализа на локалните директни корисници на ресурси, самите ресурси, начинот на кој корисниците ги искористуваат ресурсите како и процесите кои водат до промени во регионот на сливот на река Брегалница.

На настанот присуствуваа претставници од: јавните претпријатија коишто стопанисуваат со шумите и пасиштата, НВО, рудници, пчелари, асоцијација на земјоделци, фармери одгледувачи на органски производи, ловџии, Швајцарска агенција за развој и соработка, Фармахем‐Скопје, Центарот за развој на Источен плански регион, Македонско еколошко друштво итн.

Теми на настанот беа:

  • Кратко претставување на Програмата за зачувување на природата
  • Претставување на моделот за партиципативно вклучување на клучните чинители (Companion Modelling иARDI);
  • Објаснување на целите на работилницата;
  • Идентификацијана клучните чинители (А) во регионот;
  • Идентификацијана клучните ресурси (R) во регионот;
  • Идентификација на клучните интеракции (I) во регионот и
  • Идентификација на клучните динамики (D)  во регионот.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy