Skip to content

Втора работилница за изготвување на Регистар на потенцијалите за развој на руралниот туризам во ИПР

ДАТУМ

октомври 27, 2017

Категории

Од страна на УНДП и Министерство за локална самоуправа се имплементира проектот ,,Иновативни решенија за подобар пристап до услуги на локално ниво”, во рамките на кој се врши мапирање на потенцијалите за развој на туризмот во рамките на Источен плански регион.

На ден 27-ми октомври 2017 година (четврок), во  хотел „Изгрев“ во Штип  Центарот за развој на Источен плански регион организираше втора работилница за изготвување на Регистар на потенцијалите за развој на руралниот туризам во ИПР.

Во рамките на оваа активност за Источниот плански регион ќе биде изготвен Регистар на потенцијалите за развој на руралниот туризам.
Експертите од БДС (Balkan Development Solutions) работат на изготвувањето на Регистар на потенцијалите за развој на руралниот туризам во соработка со ЦРИПР и општините од регионот.
На оваа работилница заинтересираните претставници ги претставија своите резултати, дадоа насоки, и ги прегледаа најважните прашања од регистарот. Воедно се дискутираше за досегашниот процес на мапирање, пристигнатите забелешки и оценки од субјектите во регионот и финализација на нацрт верзијата на Регистар на потенцијалите за развој на руралниот туризам.

На настанот присуствуваа претставници од: општините, ЛЕР ооделенија, јавните претпријатија, НВО, хотелиери, тур.агенции, Центарот за развој на Источен плански регион, eксперти до БДС, асоцијации на земјоделци, фармери и останати заинтересирани страни.

Теми на настанот беа:

  • Вовед во целите и задачите на работилницата, како и на изготвувањето на регистарот;
  • Дискусија за досегашниот процес на мапирање, пристигнатите забелешки и оценки од субјектите во регионот;
  • Квалитативна анализа – оценка на факторите за руралниот туризам во ИПР и
  • Оценка на факторите за руралниот туризам во ИПР.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy