Skip to content

ДАТУМ

март 15, 2018

Категории

Привршуваат градежните активности за реконструкција на општинската зграда во општина Кочани во рамки на проектот GREEN 038

Привршуваат градежните активности за реконструкција на општинската зграда во општина Кочани во рамки на проектот „Зелени згради за заедничка зелена иднина“ – GREEN 038. Проектот GREEN е финансиран од Интерег ИПА-програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија 2014-2020 и истиот го имплементира Центарот за развој на Источен плански регион во соработка со Обласната администрација Благоевград.

Во текот на изминатите месеци се постави термоизолациона фасада, се променија надворешните прозори и врати, се реконструира кровот, се изгради и уреди зелен кров на новата зграда, се адаптираа тоалети за лица со физички хендикеп и се вгради хидрауличен лифт за истите.

Со завршување на сите градежни зафати административната зграда на Општина Кочани ја промени нејзината класа на енергетска ефикасност од класа  D во класа B.

 

 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy