Skip to content

Организирана дводневна обука на тема “Зелена инфраструктура” во рамки на проектот ГРЕЕН CB006.1.11.038, финансиран од Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Бугарија-Р. Македонија CCI2014TC16I5CB006

ДАТУМ

мај 31, 2018

Категории

Регионалната администрација Благоевград и Центарот за развој на Источен плански регион во рамки на проектот ГРЕЕН од 29-30 мај 2018 година во Хотел “ОМОН” – Благоевград, организираа дводневна обука на тема “Зелена инфраструктура”, на која учество зедоа вкупно 40 учесници, претставници од општини и јавни институции во состав на регионот Благоевград и Источниот плански регион.

Целта на обуката беше да се овозможи учесниците да се стекнат со основни познавања за зелена инфраструктура, нејзината улога и значење за нашите региони. Преку презенатции на успешни примери на веќе реализирани проекти од областа на “зелена инфраструктура” од повеќе региони на Европа, учесниците имаа можност да идентификуваат можни предлог-проекти за зелена инфраструктура за нивните општини и анализа на придобивките од истите. Воедно се испрезентираа и достапни програми за финансирање на предлог-проекти за “зелена инфраструктура”. Ова е втора обука организирана во рамки на проектот ГРЕЕН.

 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy