Skip to content

Во тек е изработка на Регионална Стратегија за енергетска ефикасност 2020 за регионот Благоевград и Источниот плански регион во рамки на проектот ГРЕЕН, финансиран од Интеррег-ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија

ДАТУМ

јули 2, 2018

Категории

Обласната Администрација Благоевград и Центарот за развој на Источен плански регион во рамки на проектот “Зелени згради за заедничка зелена иднина-ГРЕЕН” CB006.1.11.038, финансиран од Првиот повик на Интеррег – ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020, изработуваат заедничка Регионална Стратегија за енергетска ефикасност 2020 за регионот Благоевград и Источниот плански регион. Во рамки на Регионална Стратегија за ЕЕ 2020 ќе бидат изработени и детални анализи за енергетска ефикасност за следните 8 јавни објекти во двата региони:

  • Административната зграда на Регионална дирекција на шумите во општина Благоевград;
  • Административната зграда на Националниот Парк Рила;
  • Административната зграда на Регионалната инспекција за животна средина и води во општина Благоевград;
  • Административната зграда на Регионалната служба за вработување во општина Благоевград;
  • Општинско Основно Училиште “Ванчо Прке” – Општина Штип;
  • Општинско Основно Училиште “Никола Карев” – Општина Пробиштип;
  • Општинско Средно Училиште “Ацо Русковски” – Општина Берово и
  • Општинско Средно Училиште “Методи Митевски Брицо” – Општина Делчево.

За изработка на Регионалната Стратегија за ЕЕ 2020 е ангажираната професионална консултантска фирма “АРЕН" ДOOEЛ од Софија, која во месеците мај/јуни 2018 година изврши теренски посети на сите јавни објекти кои се вклучени во документот.

Ова е прв заеднички проект на Центарот за развој на Источен плански регион и Регионалната Администрација Благоевград.

 

 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy