Skip to content

ДАТУМ

ноември 14, 2018

Категории

Инфо сесија за ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ преку Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“

Фондот за иновации и технолошки развој заедно со Центарот за развој на Источeн плански регион, Регионална стопанска комора и Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, организираа инфо сесија за Јавниот ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ преку Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“. Информативната сесија се одржа на 13.11.2018 година (вторник), со почеток во 11:00 часот, во Кампус 2, во свечената сала на Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

Инструментот има за цел да го поттикне нивото на иновативност преку обезбедување на неопходната финансиска поддршка за активности на истражување и развој на „старт-ап“ и „спин-оф“ претпријатија. Дополнително се очекува со овој инструмент да се поттикне културата на преземање на ризик и иновација, и да се обезбеди поддршка за претпријатијата кои сакаат да развијат нов или подобрен производ, процес или услуга.

Инструментот е наменет за финансирање на новоосновани, микро, мали и средни претпријатија (не постари од 6 години) –„старт-ап“ и „спин-оф“ претпријатија.

Прифатливи активности за финансирање се:

  • Активности за истражување и развој
  • Развој на пилот линии
  • Активности за тестирање
  • Услуги поврзани во интелектуална сопственост
  • Дизајн

Горенаведената листа на активности не е ограничувачка.

Аплицирањето на јавниот повик трае заклучно со 11.12.2018 година, до 23:59 часот.

Проектната апликација, буџетот на проектот и биографиите треба да бидат пополнети на македонски и на англиски јазик и во PDF формат да се прикачат на формуларот за аплицирање достапен на следниот линк: www.fitr.mk/startapuvaj со клик на копчето „Аплицирај“.

 

Останатата документација треба да биде доставена само на македонски јазик.

 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy