Skip to content

ДАТУМ

декември 18, 2019

Категории

Одржана промотивна прес конференција за проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“

На 17 декември 2019 година во ресторан Амор во Кочани се одржа промотивната прес конференција во рамките на проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“.

Проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“ е финансиран од ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Бугарија – Р. Македонија 2014-2020, во која водечки партнер е Центарот за развој на Источен плански регион, а општина Гоце Делчев се јавува како проектен партнер.

На прес конференцијата присуствуваа претставници од двата проектни партнери, медиуми, претставници од неколку општини од Источниот плански регион како и претставници од општина Гоце Делчев. Од страна на проектниот тим беа презентирани активностите и целите на проектот, а свои поздравни обраќања имаа и претставниците на Центарот за развој на  Источниот плански регион и општина Гоце Делчев.

Проектот има значително влијание врз заедничкото претставување на заедничкото традиционално и културно наследство како алатка за развој на одржлив туризам во прекуграничниот регион преку популаризација на традиционалните вредности и културното наследство. Проектот применува заеднички иновативен пристап кон развојот на туризмот и генерирање на креативни идеи во инспиративна и интерактивна атмосфера на заеднички настани, создавање на заеднички виртуелен простор, постојана размена на идеи, искуство и постојана акумулација на знаења и вештини за искористување на нематеријалното културно наследство и развој на креативни туристички услуги во поддршката за развојот на алтернативни форми на туризам.

Вкупната вредност на проектот е 562.353,54 € и ќе се реализира до средината на јули 2021 година.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy