Skip to content

Прва форумска сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“, оддржана на 06.02.2020 (четврток) во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“

ДАТУМ

февруари 17, 2020

Категории

Во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ финансиран од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка, Центарот за развој на Источен плански регион започна со реализација на вториот циклус на регионални форумски сесии во рамки на отворената Грантова шема за инвестициски проекти на планските региони во областа на социјалната инклузија за 2020 година.

Средствата од Грантовата шема ќе бидат доделени врз основа на степенот на развиеност на регионите. Максималниот износ на средствата кои може да ги добие Источниот регион  изнесува вкупно 127.822,00 швајцарски франци.

Во рамките на Грантовата шема, Центарот ќе организира четири форумски сесии за време на кои ќе се дискутира за проблеми кои го засегаат регионот и ќе се нудат решенија од кои ќе произлезат проектни идеи/концепти за предлог проекти во областа на социјалната инклузија.

На првата регионална форумска сесија кој беше одржана  на 06.02.2020 година во хотел „Изгрев“ во Штип,присуствуваа  претставници од општините, месни заедници, Црвен крст, НВО, Центри за социјална работа, бизнис сектор и други засегнати страни.

На првата форумска сесија се дискутираше за проблемите кои ги засегаат ранливите  категории на граѓани   и нивна разрешница од која произлегоа предлог концепти кои ќе бидат презентирани од страна на  работните групи за време  на втората форумска сесија.

Во наредните сесии од овие концепти за предлог проекти, учесниците на форумот ќе ги изберат најприоритетните, кои ќе конкурираат за реализација од проектниот фонд, а на последната сесија ќе се даде повратна информација за реализацијата на избраниот / избраните форумскиот проект/и и препораки.

Галерија

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy