Skip to content

Втора форумска сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“, оддржана на 13.02.2020 (четврток) во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“

ДАТУМ

февруари 19, 2020

Категории

Центарот за развој на Источен плански регион заедно со Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој “ ја отпочна втората фаза на Регионални форуми на заедницата.

На Втората форумска сесија која се оддржа на ден 13.02.2020 година (четврток), учесниците имаа свои презентации и дискусии со што ги претставија своите предлог проекти на форумот:

1. Реконструкција на ДСУ „Искра“ ;
2. Вработување на ранливи категории;
3. Доградба и реконструкција на дом за стари лица – Берово;
4. Ресоцијализација на социјално ранливи категории;
5. Подобрување на капацитетите на МЦСР/Дневни центри за лица со телесна и ментална попреченост со набавка на специјализирани возила за транспорт  на лицата со хендикеп за општините Пехчево, Берово, Делчево, Македонска Каменица, Виница, Чешиново-Облешево, Зрновци и Кочани;
6. Поддршка на Регионалниот Совет за социјална заштита на ИПР;

До третата форумска сесија овие предлог концепти ќе се доработуваат и подобруваат во соработка со работните групи, а за време на третиот форум ќе се приоретизираат проекти за финансирање од грантот обезбеден од Швајцарската Агенција за развој и Министерството за локална самоуправа, кој изнесува вкупно 127.822,00 швајцарски франци.

Со цел успешно спроведување на партиципативниот процес за избор на приоритетни проекти од областа на социјалната инклузија во регионот, Центарот за развој на Источен  плански регион ќе организира уште една форумска сесија која ќе се одржи на 13.03.2020 година.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy