Skip to content

Резултати од успешно реализираниот проект “Зелени згради за заедничка зелена иднина – ГРЕЕН” CB006.1.11.038

ДАТУМ

февруари 25, 2020

Категории

Во периодот октомври 2016 – октомври 2018 година, Центарот за развој на Источен плански регион го реализираше проектот “Зелени згради за заедничка зелена иднина-ГРЕЕН” CB006.1.11.038, финансиран од Првиот повик на Интеррег – ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020.

Целта на проектот беше преку заеднички напори да се даде придонес во подигање на свеста кај населението во сите сфери, за важноста на климатските промени и подобрување на животната средина преку намалување на емисиите на стакленички гасови. Во текот на реализација на проектот низ серија на најразлични и атрактивни активности се даде придонес во стекнување на нови знаења за успешно искористување, зачувување и управување со природните ресурси а со тоа и подобрување на целокупниот квалитет на живот на населението во прекуграничниот регион.

Сведоци сме дека денес неодржливата употреба на енергија има сериозни импликации не само примарно врз домаќинствата туку и пошироко во меѓународните односи.

Една од клучните активности на проектот ГРЕЕН беше реконструкција на застарени административни згради на општина Кочани и на Обласната администрација Благоевград, Р. Бугариј, кај кои беше евидентирана голема потрошувачка на електрична енергија.

Во текот на 2016 година при подготовка на проектната апликација, Административната зграда на општина Кочани за 2016 година имаше потрошено 141.933,60 Kwh електрична енергија. Од мај 2017 година со проектот се промени комплетно надворешната столарија (прозори и врати) на зградата со PVC материјал, се постави нов кров на стариот дел на административната зграда и се постави термоизолациона фасада. Во меѓувреме, општина Кочани изврши комплетна замена на осветлението со ЛЕД светилки а во периодот од 2015 година до 2018 година ги замени сите стари термо печки со панел греалки. Резултатот за 2019 година потрошувачка на електрична енергија 45.402,57 Kwh.

Потрошена електрична енергија

2016 година

141.933,60 Kwh

2017 година

125.483,20 Kwh

2018 година

  56.958,17 Kwh

2019 година

  45.402,57 Kwh

Со решенијата кои беа превземени  се успеа да се намали потрошувачката на  електрична енергија за над 30 проценти.

Освен реконструкцијата на двете административни згради, со проектот ГРЕЕН се спроведе и кампања за зголемување на свесноста на населението за изградба на зелена инфраструктура, која освен што е позитивна за животната средина, позитивно се одразува и врз буџетот на граѓаните, се спроведоа повеќе тематски работилници, беа вклучени и најмладите во активностите, изработен е и веб портал ГРЕЕН како и Регионална стратегија за енергетска ефикасност.

Сето погоре наведено е доволен доказ дека проектот ГРЕЕН е само уште еден успешено реализиран проект на Центарот за развој на Источен плански регион.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy