Skip to content

ЈАВЕН ПОВИК за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, складирање, третман и/или преработка на отпад

ДАТУМ

април 24, 2020

Категории

Центарот за развој на Источен плански регион, врз основа на член 42 став (3) од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр.101/19 и 275/19)  и Одлуката за давање на согласност на одлуката за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, складирање, третман и/или преработка на отпад, донесена од Претседателот на Советот за развој на Источен плански регион, бр.02-165/2 од 22.04.2020 година, а во согласност со член 72 став 3 од Законот за управување со отпадот („Службен весник на РМ“ бр. 68/04, 71/04, 107/07, 102/08, 143/08, 124/10, 51/11, 123/12, 147/13, 163/13, 51/15, 146/15, 156/15, 192/15, 39/16 и 63/16 и „Службен весник на РСМ“ бр. 31/20) објавува јавен повик за избор на  правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, складирање, третман и/или преработка на отпад.

Избраното правно лице на јавниот повик има обврска да изврши преземање на движната ствар предмет на јавниот повик – остатоци од патничко моторно возило, учесник во сообраќајна несреќа и истите да ги транспортира и третира како отпад на соодветен начин, согласно со законските прописи.

Движните ствари се наоѓаат во кругот на филтер станицата на ЈП Исар,  населба Баби – Штип .

Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица, кои ги исполнуваат условите утврдени во Инструкциите за јавниот повик.

Подетални информации  за предметот на јавниот повик може да се добијат секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот од лицето Емил Василев – Координатор за регионален развој, телефон 078/474-125, електронска пошта emil.vasilev@eаstregion.mk.

Лице за контакт во врска со јавниот повик е Силвана Благонова – Координатор за нормативна дејност, јавни набавки, финансиски и општи работи, телефон 078/439545, електронска пошта silvana.blagonova@eastregion.mk.

Подетални информации за движните ствари, како и потребна документација во врска со јавниот повик може да се преземе електронски, преку следниот линкови:

Краен рок за доставување на пријавите за учество е 08.05.2020 година до 14:00 часот.

Комисија за движни и недвижни ствари
Претседател
Емил Василев

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy